Екипата на Милан со луд пресврт го победи Јувентус со 2-1 во полуфинале на Суперкупот на Италија, што се играше во Ријад. Со триумфот, „росонерите“ се пласираа во финалето, каде што ќе имаат пресметка со градскиот ривал Интер во вистинско дерби за трофејот.
Тренерот на Милан, португалскиот стратег Серџо Консеисао, славеше во својот деби натпревар против тимот на неговиот син, кој игра за Јувентус.
Во второто полуфинале „росонерите“ после луд пресврт го елиминираа торински Јувентус и во натпреварот за титулата ќе се борат со Интер, кој ја совлада Аталанта.
Португалецот Серџо Консеисап уште на своето деби се соочи со сериозни проблеми во екипирањето на првиот тим. Поради повреди во Ријад не заминаа Рафаел Леао, Лофтус-Чик, Окафор, Флоренци и Чуквуезе, па нападот на „росонерите“ беше очигледно ослабен. Но, Милан имаше и проблеми со организацијата на играта, а Јувентус го искористи тоа и на полувреме имаше предност од 1-0. Турскиот ас Кенан Јилдиз, во 21. минута ги покажа своите реализаторски квалитети и со атрактивен гол, на асистенција на Кефрен Турам, ѝ донесе водство на својата екипа.
Во вториот дел во игра влегоа Абрахам и Јунус Муса, но на теренот повторно контрола имаше екипата на Јувентус. Но по една грешка на Локатели се промени текот на натпреварот. Во 70. минута италијанскиот репрезентативец Локатели без потреба го фаулира Мората во казнениот простор и Милан доби пенал, а сигурен реализатор беше Кристијан Пулишиќ за 1-1.
Само пет минути по голот на американецот, следува уште еден нов шок за старата дама и тоа си постигна автогол. Муса направи продор по десна страна, испрати центаршут, а топката од Федерико Гати заврши зад грбот на Де Грегорио и Милан со многу среќа стигна до водство од 1-2. До крајот на средбата фудбалерите на Милан вешто го чуваа водството и дебито на новиот тренер го крунисаа со пласман во големото финале, кое се игра в понеделник.