Инцидентот меѓу бразилскиот напаѓач од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и македонскиот голман Столе Димитриевски на дуелот со Валенсија привлече огромно внимание, со оглед на тоа што го вклучуваше еден од најдобритен но и најагресивните играчи на Реал Мадрид. Винисиус поради ударот над Димитриевски беше исклучен, на што следуваше и дополнителната реакција кон судијата па овој настан е во центарот на вниманието на фудбалската јавност.
Екипата од Мадрид сега очекува одлука од Ла Лига за веројатната суспензија на Винисиус, која би можела да има влијание врз претстојните натпревари на тимот. Во меѓувреме, анимацијата која го опишува инцидентот предизвика смеа на социјалните мрежи, додавајќи дополнителна доза на интерес кај фановите.
И покрај контроверзиите, Реал Мадрид успеа да се спаси од пораз, па дури извлече и победа против Валенсија со неверојатен пресврт.