Екипата на Њукасл продолжи со серијата на победи и сигурни игри, триумфирајќи на гостувањето на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед со 0-2 (0-2). „Црвените ѓаволи“ беа немоќни и го доживеаја и четвртиот пораз по ред.

Гостите од Њукасл дојдоа до водство против Манчестер уште во четвртата минута. Голот го постигна Александер Исак , тој со глава ја погоди противничката мрежа по нафрлената топка од Дузбери Хол (0-1). Во 19 минута на 0-2 зголеми бразилецот Жоелинтон, кој се најде на вистинското место и по центаршут од Гордон го совлада домашниот голман Онана. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед тешко се снаоѓаше и во второто полувреме, имаше неколку шанси, но не ги реализира па заслужено го загуби дуелот.

Непријатен пораз доживеа Челзи на гостински терен кај Ипсвич Таун (2-0). „Сините“ постојано беа доминантен тим, но немаа решение за дефанзивата на домашната екипа. Ипсвич дојде до водство со гол од пенал на Делап во 12. минута од дуелот, а следуваше поништен гол на Жоао Феликс за израмнување. Во второто полувреме домашниот тим успеа да ја зголеми предноста преку Хачинсон и успеаја да ја сочуваат до крајот со што остварија голема победа над фаворитот од Лондон.

Ефикасен натпревар со четири гола (2-2) одиграа екипите на Астон Вила и Брајтон.