Лидерот во Премиер лига, Ливерпул ја торпедира екипата на Вест Хем и до врв им ја наполни мрежата (0:5) а со новиот убедлив триумф ја потврди одличната форма.
Во последниот настап во 2024 година, фудбалерите на Арне Слот беа доминантни на гости во Лондон, и до максимум го декласираа својот ривал, кој само на моменти се закануваше кон голот на Ливерпул.
Резултатот го отвори Луис Диаз во 30. минута, а до крајот на полувремето голови постигнаа и Гакпо и Салах.
Александер-Арнолд и Жота во второто полувреме постигнаа уште поеден гол за нова победа на Ливерпул сезонава, со што екипата од „Енфилд“ се зацврсти на лидерското место на табелата.
Ливерпул има осум бодови повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Нотингем Форест.