Каков коментатор,урнебесно, комедија. Кој ли само во овој фудбалски свет е аналитичар и стручен коментатор. Па така извесен Освалдо Пасквал, стручен коментатор на ЕСПН во Бразил, истакна дека за победата на Реал Мадрид со ПСЖ не е толку заслужен Бензема и неговите три гола, колку Каземиро.
Еве го неговиот „стручен коментар“…
„Меси не е Меси ако е затворен во просторот меѓу одбраната и средниот ред каде што е најдобар. Но на овој меч Лео беше стопиран од Каземиро, тој доминираше во средината од теренот и затоа Меси не се виде, едноставно Каземиро го стопираше Лео“ тресна и остана жив тој Освалдо Пасквал.
Велиме „тресна“ зошто познато е дека на „Бернабеу“ во Мадрид, во мечот кој Реал го победи ПСЖ со 3:1, Бразилецот Каземиро не ни беше на терен туку на трибини поради суспензијата.