Алмерија ја совлада Џирона со 3-2 во 10. коло од шпанската Ла Лига, а главен момент од средбата е третиот гол на домаќините.
Стигнаа до 3-0 уште до крајот на првото полувреме, така што кога Ембарба го постигна тој гол, веќе беше голема прослава меѓу домашните навивачи и фудбалери. Беше досуден слободен удар за Алмерија, на повеќе од 30 метри од голот на Џирона, а гостинскиот голман, Хуан Карлос, процени дека нема потреба да поставува жив ѕид, оставајќи само еден човек, во очекување дека ќе има нафрлување.
Наместо тоа, Ембарба шутна директно и го посрамоти Карлос. Џирона намали на 3-2 во 47. и во 83. минута, а неколку минути претходно имаше и промашен пенал, така што мечот изобилуваше со возбудувања.