Наполи и Елиф Елмас се пред освојување на Скудетото, но ќе треба да победат за да ја освојат шампионската титула на гостувањето кај Удинезе, откако Лацио  славеше против Сасуоло со 2-0. Фелипе Андерсон постигна гол за водство од 1-0, а Тома Башиќ во 92. минута ја потврди победата.

Милан се спаси од пораз против Кремонезе на домашен терен играјќи 1-1. Гостите поведоа со голот на Окереке во 77. минута, а Милан стигна до бод во 93. минута со автоголот на Васкез.

Рома одигра 1-1 на гости кај Монца. Ел Шарави во 24. минута обезбеди предност за гостите, но Калдирола израмни уште пред одморот.

Интер ја декласираше Верона со 0-6. Џеко и Лаутаро Мартинез постигнаа по два гола, погоди и Чалханоглу, а серијата ја отвори Адолфо Гаич со автогол во 31.минута.