Ова ги разочара домашните навивачи, кои се надеваа на чудо и продолжување на шансите да имаат свој претставник на собирот на најдобрите во Европа. Вечерва реши третата четвртина која Барселона ја доби со 32-22. Најзаслужни за победата на Каталонците беа чешките репрезентативци Јан Весели и Томаш Саторански, кои постигнаа по 14 поени. На спротивната страна се истакна Едгарас Улановас кој реализира 12.
Во полуфиналето, Барса ќе игра со победникот од серијата меѓу Реал Мадрид и Партизан, во која српскиот тим води со 2-1, а четвртиот меч се игра утре во Белград.