Катарците (ПСЖ) и Саудијците воопшто не се “мирисаат“ и токму таа одзмазда на катарците и суспензијата на најдобриот фудбалер во светот е тема број еден во светот на фудбалот.
Имено Ал Хилал, клуб од С. Арабија го “стресе“ фудбалскиот свет со неверојатна, фантастична понуда за Меси која изнесува една милијарда долари за две години или 500 милиони долари за една година.
Колку за потсетување, Роналдо во Ал Наср, исто така во С. Арабија, е платен со 200 милиони евра кои се смешна сума во однос на ова што Меси би го земал.
Очигледно е дека Арапите не сакаат да ја пропуштат шансата да го доведат Лео во својата земја. Почнаа со 300 милиони, па со 400 а еве денеска и со 500 милиони долари.
Примамливо и за Лео, посебно ако се знае дека најавеното враќање во Барса се компликува, а и сумата од 13 милиони евра е 40 пати помала од она што би го земал во С. Арабија. Љубовта кон Барса е преголема, но ваквата понуда е фантастична и не се пропушта!?