Францускиот напаѓачки ас Карим Бензема учествуваше со два гола во синоќешната победа над Мајорка (0-3) и стана најдобар стрелец на сите времиња меѓу француските фудбалери.

Бензема сега има 413 гола во кариерата со што го надмина легендарниот Тиери Анри, кој во кариерата постигна 411 голови. Претходно, Бензема постигна хет-трик во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите сезона со Пари Сен Жермен (3-1).