Реал Мадрид во 3тото коло од Шпанската Примера го совлада Бетис на Мануел Пелегрини со 0-1 (0-0). Во многу тврд и изедначен натпревар, одлучија промашувањата на домаќините и волејот на Карвахал за победа на средина од вториот дел.

Кралевите со оваа победа се искачија на првото место на рабелата а шанса за да ги симне ќе има утре Атлетико Мадрид кој досега е единствен со 100% учинок.

Наредниот натпревар „кралевите“ ќе го одиграат дома во четвртото коло против Селта, кога ќе се вратат на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“.