Една од ѕвездите на Португалија во нивниот триумф на ЕП 2016, Ренато Санчез, ќе го пропушти Светското првенство бидејќи е изоставен од финалниот список. Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен не е повреден, но селекторот Фернандо Сантош одлучи да не го вклучи на списокот на фудбалери за мундијалот.
Во пиринејската земја ова беше опишано како шокантна одлука.