Во НБА-лигата синоќа, забележани се две победи кои можат да се окарактеризираат како изненадување, бидејкќи славеа тимовите кои играа без своите први ѕвезди.
Вашингтон успеа да го запре Далас и да триумфира со 113-105, без Бредли Бил и Кристапс Порзингис во своите редови. Одговорноста ја презеде Кајл Кузма и одигра брилијантно со 37 поени 11 скока и шест асистенции, додека кај Маверикс, Лука Дончиќ беше тивок со 22 поена и девет скока, па Спенсер Динвиди го предводеше тимот со 33 коша. Ова беше втор пораз едноподруго за Далас, откако вчера загуби и на гостувањето во Орландо.
И Портланд славеше без своите ѕвезди, Демијан Лилард и Јусуф Нуркиќ и тоа како гостин во Њу Орлеанс, со 106-95. Зајон Вилијамс попусто беше прв стрелец со 29 поени, неговиот ефект го неутрализираа Џареми Грант со 27 и Аферни Сајмонс со 23 поени за Портланд. Ова беше трета победа во низа за Трејлблејзерс, со која се држат цврсто во трката за првото место на Западот. Во моментов го држи Јута со скор 10-3, а Портланд има само една победа помалку.
Во преостанатите два меча од вечерта, Мајами го совлада Шарлот на свој терен дури по продолженија, со 117-112, а Атланта беше подобра од Филадлефија со 104-95.