Кошаркарите на Црвена Звезда доживеаа тежок удар во борбата за пласман во плеј-офот од Евролигата откако загубија на домашен терен од Барселона со 76-85.
Со тоа, „црвено-белите“ влегоа во групата со уште четири екипи со биланс 10/15, но многу поважно е тоа што на девет кола пред крајот на основниот дел од сезоната заостануваат три победи во однос на десеттопласираниот Макаби.
Клучна за победата на Барселона вечерва беше втората четвртина која „каталонците“ ја добија со 27-15. Во останатите Звезда беше рамноправна, но сепак не успеа да ја загрози победата на противникот.
Барселона со оваа победа остана на втората позиција на табелата, веднаш зад својот голем ривал Реал и е многу блиску до обезбедување пласман во плеј-офот.
Бризуела со 20 и Весели со 17 поени блесна на белградскиот паркет, додека за Црвена Звезда најпрецизен беше Недовиќ со 21 поен.