Партизан имаше победа в раце во Болоња, па прими 17 поени во последните три минути и загуби од Виртус со 88-84, На девет кола пред крајот на основниот дел од сезоната, Партизан испадна од плејин зоната.
АБА шампионот беше блиску до победа, на три минути пред крајот водеше со 77-71, но направи низа несфатливи грешки и го загуби речиси добиениот натпревар. Звучи неверојатно тоа што во последните три минути Партизан прими дури 17 поени. Во тие три минути Партизан загуби три топки при изведување од страна или под кош, а во два од нив прими лесни поени.
Сето тоа се случи откако Партизан надополни 12 поени разлика, предност која Виртус ја имаше во третата четвртина. Во последниот квартал се разигра Нанали кој постигна две тројки и еден кош со фаул за целосен пресврт на Партизан и навидум висока предност во финишот.
Херој на Виртус беше Ифе Лундберг кој при водство на Партизан од 81-79 постигна тројка за предност на неговиот тим. Во следниот напад Пантер не успеа да погоди и италијанскиот вицешампион го искористи тоа за да дојде до победата и да ја задржи третата позиција на табелата.