Неверојатната сцена се случи на почетокот на НБА натпреварот помеѓу Оклахома Сити Тандер и Мемфис Гризлис. Имено, двата тима истрчаа на паркетот во исти бели дресови.
Никој не сфати дека двата тима подготвија бели дресови за натпреварот се додека не дојде време за фрлање на топката, односно почеток на натпреварот. Играчите се смееја и коментираа дека тие и нивните противници се во исти дресови, тренерите и судиите се смееја, а на крајот почетокот на натпреварот беше накратко одложен додека играчите на Мемфис не отидоа во соблекувалната за да облечат сини дресови.
Гризлис победија со овие дресови со резултат 125:118 и моментално се на 2. место во Западната конференција. Оклахома е на 14. место.
https://twitter.com/shaqtin/status/1503154202909962243?s=20&t=ux_1H-QqZKL2fnZvPGPGfA