Торино беше на само две минути од големиот триумф над актуелниот шампион на Италија.
Домашните поведоа во 12. минута со голот на Бремер по конфузијата во одбраната на Интер, а по се што видовме може да се заклучи дека домашните беа оштетени во првото полувреме.
Пред се мислиме на ситуацијата од 35. минута од натпреварот кога Ранокија стартуваше над Белоти во шеснаесетникот на Интер, но судијата не покажа на белата точка.
Иако следеше интервенција на ВАР, а од забавената снимка беше јасно дека Ранокија го удри Белоти по ногата, одлуката на изненадување на многумина не беше сменета, а судијата покажа дека играта треба да продолжи.
https://www.youtube.com/watch?v=7FK7ADMtlkE
Спортскиот директор на Торино, Давиде Вањати, во интервју за ДАЗН по натпреварот откри дека главниот судија на мечот, Марко Гуида, му понудил адекватно објаснување зошто не бил досуден пенал за неговиот тим во финишот на првиот дел.
-Кога колегите од ВАР собата не ме поканија да ја разгледам ситуацијата, очигледно донесов правилна одлука, му рекол Гуида на Вањати, што очигледно го прифатиле во Торино. Прашање е само како на ова реагираат во редовите на Милан, Наполи и Јувентус, екипите кои до крајот ќе ја водат борбата со Нероаѕурите за титулата.