Фудбалерите на Манчестер Јунајтед полека заличуваат на екипа каква што сакаат да гледаат навивачите, поради што победите почнаа да се редат како на филмска лента, откако „ѓаволите“ вечерва како гости го совладаа Лестер (1-0) за трета победа по редво новата сезона, која ја почнаа со две „нули“.

Голот беше дело на Санчо по дваесетина минути, но заслугата е кај целиот тим, кој одигра несебично, па со три прекрасни додавања речиси „на прва“ дојдоа во ситуација да ја затресат противничката мрежа. Домаќинот се обидуваше да изедначи, но најдобрата можност за тоа од слободен удар ја спречи голманот Де Хеа со феноменална одбрана. „Ѓаволите“ во финишот можеа и да го зголема водството, но прекрасните ножички на Кристијано Роналдо за малку не завршија каде што требаше.