Сосема неочекувано после убедливиот почеток на сезоната, Баерн распродава бодови во домашното првенство, па по трите ремија по ред со Борусија Менхенгладбах, Унион Берлин и Штутгарт, сега дојде и првиот пораз за кој главен виновник е Мергим Бериша со голот по еден час игра.
Баерн со поразот и серијата без пораз сега падна на четвртото место со 12-те бода од седум меча, три помалку од лидерот Борусија Дортмунд која со 1-0 го победи Шалке 04 со голот на Јусуфа Мукуоко на 11 минути пред крајот на мечот.
Баер Леверкузен и Вердер ремизираа 1-1, а Ајнтрахт Франкфурт со 3-1 славеше на гости кај Штутгарт во преостанатите денешни два меча од редовниот термин во германската Бундеслига.