Барселона стигна до убедлива победа (3-0) против Елче и се искачи на првата позиција на табелата во Ла Лига со 16 бода. Каталонците имаат бод предност во однос на Реал Мадрид кој утревечер му гостува на Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“.

Роберт Левандовски во 34.минута го отвори резултатот, а Мемфис Депај седум минути подоцна зголеми на 2-0. Во тој период веќе им беше олеснета задачата на фудбалерите на Чави со оглед дека Елче имаше играч помалку поради исклучувањето на капитенот Верду.

Левандовски го постигна својот втор гол на мечот во 48. минута и така ја потврди победата на каталонскиот состав од 3-0.

Барселона со 16 бода е на првата позиција, додека зад нив е Реал Мадрид со 15 бодови, но и еден меч помалку.