Сампдорија конечно ја прекина лошата серија во Серија А и ја запиша првата победа против Кремонезе (1-0) во првенството за оваа сезона, и тоа под водство на новиот тренер Дејан Станковиќ, која дава надеж дека екипата ќе избори опстанок во елитата.
Кремонезе има за што да жали бидејќи доби пенал во седмата минута, кој не го искористи Сириел Десерс, но и голем број други шанси во текот на натпреварот.
Казната за промашувањата на домаќинот стигна дури во 78. минута кога Омар Коули ја затресе мрежата на Кремонезе и донесе победа за Сампдорија.
Сампдорија по 11 одиграни меча има шест бодови и се наоѓа на 18. позиција во калчолигата, односно два бода од безбедната зона.