Марсело Биелса е блиску до враќање на клупата на Атлетик Билбао, а како приоритетна цел го именувал Антоан Гризман, пренесува „Ас“. Аргентинскиот стратег е изборот на најверојатниот нов претседател на клубот, Ињаки Арекабалета.
Биелса е слободен по заминувањето од Лидс во февруари. Тој се фокусира на Гризман, но посакува уште двајца играчи, Хуго Гијом од Валенсија и Јон Монкајола од Осасуна.
Гризман е во сопственост на Барселона, но моментно е две сезони дел од Атлетико Мадрид на две сезони. Првата помина, а во договорот има клаузула, според која Атлетико ќе биде обврзан да го откупи за 40 милиони евра, доколку во двете сезони учествува во повеќе од половина од вкупната минутажа.
Интересен детал е тоа што Гризман е тинејџер на големиот регионален ривал на Билбао, Реал Сосиедад.