Реал Мадрид направи одличен резултат во Лондон. Човекот на одлука е Карим Бензема, а тренерот на мадриѓаните Карло Анчелоти пред почетокот на натпреварот раскажа интересна приказна.
– Бензема немаше пропусница за да влезе на стадионот. Му реков да биде брз, инаку нема да игра. За среќа, тој најде пропусница. И како да го опишам? Немам зборови. Да речеме Карим Велики – рече Анџелоти.
Потоа го искоментира и самиот натпревар.
– Ја контролиравме играта, бевме опасни од контранапад. Беше добра вечер, но само половина од работата е завршена. Покажавме добра организација, најдовме простор кај противникот. Имаме предност, но реваншот ќе биде поинаков натпревар. Сепак, тие се освојувачи на Лигата на шампионите.