Атлетико Мадрид загуби со 1-0 на гостувањето кај Манчестер Сити во вторникот во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Луис Суарез тој натпревар го следеше од клупата на мадридскиот клуб. Сепак, тоа не го спречи да ја воодушеви јавноста со својот потег пред натпреварот.
Имено, кога дошол на стадионот „Етихад“, на подот го видел грбот на Сити, а потоа во последен момент заобиколил околу него за да не го згази. И УЕФА го забележа овој потег и го објави на своите социјални мрежи со едноставен опис: „Луис Суарез. Почит“.
https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1511415505911005194?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511415505911005194%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fuefa-odala-pocast-suarezu-zbog-poteza-prije-utakmice-sa-cityjem%2F2354021.aspx
Ден пред натпреварот се појави видео на кое Суарез поминува низ тунелот со соиграчите Родриго де Пол и Коре и ги упатува да поминат покрај грбот.
https://twitter.com/atletiuniverse/status/1511080309290319882?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511080309290319882%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fuefa-odala-pocast-suarezu-zbog-poteza-prije-utakmice-sa-cityjem%2F2354021.aspx