Екипата на Барселона во последно време има голем пад во формата во домашното првенство и ја загуби солидната предност што ја имаше на табелата, па по третиот пораз на последните шест дуели во Ла Лига, каталонците веќе немаат предност на табелата.

Тимот на Ханси Флик го одигра дефинитивно најлошиот натпревар од стартот на сезоната и загуби на Монжуик од тимот на Леганес, кој се бори за опстанок и ова е историска прв триумф на гости кај Барселона.

Леганес дојде рано во водство со голот на Гонзалес во 4-та минута од дуелот, што беше само уште еден доказ за лошата игра на Барса во одбрана во последните 30-тина дена. Барса имаше скоро цел натпревар да стигне до гол и пресврт против тоталниот аутсајдер, но избраниците на Ханси не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на противничкиот голман Дмитровиќ кој бранеше феноменално.

Барселона беше најблиску до израмнување во првиот дел кога Дмитровиќ правеше чуда на голот. Левандовски не успеа да реализира две одлични шанси, а шутот на Рафиња заврши во пречката, по маестралната одбрана на српскиот голман.

Леганес беше одличен во дефанзива, вешто се бранеше од поостојаните напади, а во продолжение многу помирно го одбрани водството.

Апсолутниот фаворит на моменти немаше идеја во вторите 45 минути, постојано одеше во бескрајни додавања околу казнениот простор, а најзрелата шанса ја имаше бекот Жул Кунде кој беше непрецизен од непосредна близина.

Историската победа го носи Леганес на плус четири од опасната зона, додека Барселона останува првопласирана, но само поради фактот што има подобра гол разлика од Атлетико Мадрид.

Тимот на Чоло Симеоне се израмни со Барса на табелата (38 поени), додека на третото место е Реал Мадрид со бод помалку, но и со натпревар помалку.

Голот на Леганес може да го погледнете ТУКА.