Селекторот Радои пред мечот со Македонија одговори на новинарско прашањена кој фудбалер треба најмногу да внимава.

„Посебно треба да внимаваме на Елмас и Барди и нивната сила, која новиот тренер им ја дава на сите играчи. Тимот се става пред поединците, тоа е важно“, изјави Радои, кој потоа го пофали новиот секетор.

„Имам пофалби за новиот тренер, посебно за играчите кои се далеку поспремни и побрзи во однос на играта што се случуваше во Букурешт. Исто така, многу се зема предвид тоа што се оди на нов начин на игра“, додаде Радои.