Холандија ја растури Турција со 6-1 во шестото коло од квалификациите за групата Г, а Депај постигна хет-трик.
Со овие голови, Депај стана најефикасниот холандски фудбалер во една календарска година, оставајќи ги зад себе легендите како Клајверт, Хунтелар, Ван Перси.
Депај постигна 12 гола за националниот тим во 2021 година. Легендарниот Патрик Клајверт има ист број на голови во една календарска година, но на Депај му беа потребни девет, а на Клајверт 11 месеци за тој подвиг.
Мемфис Депај одигра вкупно 70 натпревари за Холандија и постигна 30 гола. Тој беше ефикасен и во помладите селекции на Орање, за кои собра 41 настап и постигна 18 голови.