Ал Наср го загуби дуелот со Ал Хилал со 1-2 во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија, а мечот го одбележа црвениот картон што го доби Кристијано Роналдо.

Португалецот го напушти теренот во 86. минута откако предизвика уште еден во низата скандали откако игра во Саудиска Арабија. Очигледно незадоволен од резултатот и фактот што му бега уште еден трофеј, Роналдо во обид да дојде до една топка влезе во физички дуел со противнички фудбалер.

 

Два пати го удри со лакт во градите поради што играчот на Ал Хилал заврши на земја, а судијата оправдано му покажа црвен картон. Роналдо тотално збесна и можеше да дојде до тотален хаос бидејќи ја крена раката со тупаница кон главниот арбитар и во последен момент се повлече да не направи невидена глупост. И при излегувањето на теренот, Роналдо продолжи со своето шоу бидејќи ја повика публиката да му аплаудира на главниот судија затоа што го исклучи од игра.

 

Што се однесува до убавите работи од натпреварот, Ал Давсари и Малком го донесоа Ал Хилал во водство од 2-0, а во 99. минута Мане го постави конечниот резултат. Во финалето, Ал Хилал ќе игра со Ал Итихад, а за Ал Наср и Роналдо останува уште една шанса за трофеј оваа сезона – во Купот на Саудиска Арабија.