Францускиот гигант Пари Сен Жермен и денес разочара, само десетина дена по елиминацијата од ЛШ, па денеска Рен го освои „Паркот на принцовите“ со триумфот со 2-0. Со тоа ја прекина серијата од четири победи по ред на парижаните, но да му даде надеж на Марсеј кој вечерва против Ремс го игра својот меч и со победа би можел да се врати на седум бода негатива.
Рен дојде до многу важна победа со која сега со 50 бода останува во трката за ЛШ, четири зад четвртиот Монако.
Карл Токо Екамби во последната минута од првиот дел и Арно Калимуендо три минути по стартот на вториот дел беа стрелци на головите за Рен, а парижаните го претрпеа четвртиот пораз сезонава.
ПСЖ остана на 66 бода, моментно девет пред Ланс кој има 57 и десет пред Марсеј кој има 56, но има и меч помалку.