Евертон ја постигна можеби клучната победа во трката за опстанок во Премиер лигата. Клубот оваа сезона мина низ многу тешки препреки и се соочи со одземање на бодови, со триумфот над Нотингем Форест (2-0) многу веројатно ќе ја оствари зацртаната цел и во следната пак ќе се натпреварува со најдобрите во Англија.
На спротивната страна, „шумарите“ остануваат на само еден бод повеќе во однос на Лутон, кој котира највисоко во опасната зона, и до крајот на шампионатот ќе водат голема битка за опстанок во елитното друштво.
Дуелот на „Гудисон Парк“ донесе израмнета борба и многу шанси на двете страни, но само домаќинот ги искористи своите. Во првото полувреме водство донесе Геј, додека во второто Мекнил испрати прецизен удар по земја од далечина и ги постави конечните 2-0.
Во следното коло Евертон го игра големото дерби со Ливерпул, додека Нотингем Форест исто така се соочува со тим кој брка шампионска титула – Манчестер Сити.