Без разлика на шпекулациите дека ќе потпише за Лестер, кои „паднаа во вода“ со крајот на летниот преоден рок во Премиер лигата (првиот ден од септември), Бразилецот Марсело дресот на Реал Мадрид неочекувано ќе го замени со тој на грчки Олимпијакос.

Станува збор за најтрофејниот фудбалер во историјата на „кралевите“, кој во измнативе 15 години одигра 546 натпревари за шпанскиот гигант и дојде до 25 трофеи, од кои дури пет во Лигата на шампионите. Тој со атињани потпиша договор до летото 2023 година, со опција за продолжување на соработката на уште 12 месеци.