Новата рунда натпревари во Чемпионшип лигата почна со петочниот дуел меѓу ВБА и Барнли, дуел кој за малку можеше да биде многу среќен за македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Македонскиот крилен играч се најде во идеална ситуација да го постигна својот првенец во Англија по трансферот од Штутгарт, што доколку се случеше, ќе значеше и точка на мечот.
Чурлинов изби сам пред голот на ВБА при резултат 0:1 во 72-та минута, но за жал дирекот се испречи на неговиот пат и не видовме погодок во мрежата на домаќинот.
Ова се случи осум минути по влегувањето на Чурлинов во игра, но откако Барнли пропушти да го дотолчи противникот, доживеа огромен шок и тоа длабоко во судиското продолжение.
Се играше 98-та минута кога ВБА израмни по еден карамбол во шеснаесетникот, во кој најснаодлив беше Брендон за конечни 1:1.