Србија не дозволи никакво изненадување на својот прв меч на Евробаскетот и отвори со доминатна партија, во која ниту едната, ниту другата селекција не внимаваа премногу на играта во одбрана.
Холандија не можеше да се носи со офанзивниот арсенал на селекторот Пешиќ и брзо увиде дека ќе биде во подредена улога, бидејќи Србите ја завршија првата четвртина со двоцифрена предност.
Резултатот 31:21 по првата четвртина само растеше со текот на мечот и Србија ги доби сите четири четвртини, за на крајот да испука „стотка“ на својата премиера на овој Евробаскет.
Избраниците на Пешиќ остварија триумф од 100:76 и лесно ги запишаа првите бодови во групата, но позитивно е што преовладуваше тимска игра и што дури пет кошаркари беа двоцифрени.
Јокиќ постигна 19 поени, Маринковиќ 18, Мициќ 15, Ристиќ 11 и Калиниќ 10 поени, додека најефикасен на паркетот беше Де Јонг со 28 поени.
На натпреварот кој исто така се играше во ноќниот термин, Италија беше подобра од Естонија со 83:62.
https://twitter.com/EuroBasket/status/1565779124970344449?s=20&t=jCzZjm823sMzxrGgQ5RRBA