Реал (М) беше преголем залак за Валенсија на нашиот Димитријевиќ. Вечерва во мечот од 5. коло на Лига Ендеса, кошаркарите на Валенсија немаа шанси за успех против „кралскиот клуб“, кој на крилата на Фернандес и Јабуселе на крајот стигна до убедлива победа од 93:79.

Нашиот Нено Димитријевиќ одигра солиден меч на кој успеа да реализира 12 поени и да биде втор поентер кај домашните. Нашиот „плеј“ имаше 3 од 10 за два поени и погоди две тројки од три обиди.

Валенсија по пет кола има скор од две победи и три порази.