Во Манила, Филипини, денес беа извлечени групите за престојното Светско кошаркарско првенство кое ќе се одржи од 25. август до 10 септември оваа година во Филипини, Јапонија и Индонезија.

Интересен дуел носи групата Ц во која ќе се сретнат селекцијата на САД и Грција предводена од НБА ѕвездата Јанис Адетокумбо, во оваа група се уште и селекциите на Јордан и Нов Зеланд.

Србија се падна во група со Јужен Судан, Кина и Порторико. За селекцијата на Јужен Судан настапува поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Нуни Омот.

Дончиќ со селекцијата на Словенија ќе игра во групата Ф против селекциите на Зеленортски острови, Грузија и Венецуела.