Турските кошаркари ја совладаа Црна Гора со 72:68 (14:18, 27:13, 12:20, 19:17) во првиот натпревар од групата „А“ на Европското првенство.

Фантастичен меч во Тбилиси, каде што Шејн Ларкин и Бојан Дубљевиќ имаа своевидна престрелка. Иако Турците на десетминутната пауза заминаа со десет разлика, добивајќи го вториот дел со дури „+14“, Црногорците успеаја да се издигнат над своите проблеми и на крилата на извонредниот Дубљевиќ остварија победа.

Избраниците на Бошко Радовиќ имаа нешто подобар старт, а потоа Шејн Ларкин погодуваше од сите позиции и го навести пресвртот со кој се отиде на пауза. Концепциски, Црногорците во тие моменти паднаа и не помогнаа многу ниту зборовите на Радовиќ на тајм-аутите.

Но, во продолжението блесна Бојан Дубљевиќ кој не беше присутен во првото полувреме. Сите поени ги постигна во вторите 20 минути. Следуваше период на игра на една топка. Црногорците имаа проблем со реализацијата и пропуштија доста шанси, за Турците да дојдат до предност од 69:68 со прекрасниот кош на Фуркан Кормаз на 23 секунди до крајот. Црногорските репрезентативци имаа прилики за пресврт, но во неколку наврати не успеаја, а на четири секунди пред истекот на времето во напад фаул направи Марко Симоновиќ, што го налути Радовиќ. Ситуацијата е за разгледување, но судиите не се колебаа да покажат дека топката им припаѓа на Турците, кои со тројка на Коркмаз ставија точка на дуелот.

Исклучителен беше Шејн Ларкин со 18 поени (5/6) за три, 15 постигна Џеди Осман, додека на другата страна Дубљевиќ постигна 18 поени .