Никола Јокиќ имаше многу мала минутажа на Ол-стар натпреварот, а чудно беше тоа што тренерот не го ни стави во игра во четвртата четвртина.
Сепак, Јокиќ секако не обвини никого, па по мечот се пошегува.
– Не знаев што да правам, само се забавував. Мило ми е што го делев теренот со овие момци. Десет фантастични играчи на паркетот. Ја додавав топката од под кош и од страна најдобро на сметот – изјави српскиот кошаркар и ас на Денвер.
За 21 минута на паркетот, Јокиќ постигна 10 поени, додаде девет скока и осум асистенции.