Трајковски доби одлична асистенција во 56. минута, по што излезе сам пред противничкиот голман и не му беше тешко да ја затресе неговата мрежа за да донесе водство од 1-0, по што Ал Батин израмни на 1-1 и натпреварот влезе во продолженија, каде што Ал Феја со втор гол избори место меѓу најдобрите четири екипи во С. Арабија.
Македонскиот напаѓач зимава направи трансфер вреден 1,5 милиони евра од Мајорка во Ал Феја, со кој потпиша 18-месечен договор, па така стана вториот фудбалер кој игра во С. Арабија по Езгјан Алиоски.
Првото полуфинале од мундијалскиот бараж меѓу Италија и Македонија е закажано во Палермо на 24 март од 20.45 часот, додека во второто играат Португалија и Турција.