Во второто коло од групата Е, Сиера Леоне направи уште едно изненадување и одигра 2-2 против Брегот на Слоновата коска, но начинот на кој стигнаа до бод ќе се памети уште долго.

Голманот на Брегот на Слоновата коска во намера да ја спаси топката за да не излезе во корнер направи грешка која скапо ги чинеше неговите сонародници.

Чуварот на мрежата се расплака по голот, а играчите на Брегот на Слоновата коска не можеа да веруваат дека прокоцкаа победа, откако имаа водство од 2-0.