Џуниор Фирпо, дефанзивецот на Лидс реши да игра за репрезентацијата на Доминиканската Република. Фирпо е поранешен играч на Барселона и настапуваше за младата шпанска репрезентација. Чекаше покана за А репрезентацијата на Шпанија, а откако не ја доби се сврте кон Доминиканската Република.
Фирпо е роден во Доминиканската Република пред 25 години, а пораснал во Шпанија. Бетис го продаде на Барселона во 2019 година за 20 милиони евра, а две години подоцна поради големи финансиски проблеми го продаде на Лидс за 15 милиони.
Во својата кариера со Барселона го освои Кралскиот куп, а со Шпанија беше европски првак во категоријата до 21 година.