Борусија Дортмунд славеше победа од 6-0 против Борусија Менхенгладбах во рамки на 23.коло во Бундеслигата.
Тренерот Марко Розе немаше милост против својот поранешен клуб, кој сезонава игра очајно. По првото полувреме беше 2-0 со головите на Марко Ројс и Дониел Мален. Мариус Вулф зголеми на 3-0, а младиот Јусуфа Мукоко погоди за 4-0. Ројс по втор пат го матираше Јан Зомер, а точка на победата на „милионерите“ стави Емре Џан од пенал во судиското продолжение.
Дортмунд е на 2.место на табелата со 49 бодови, Менхенгладбах е на 13.место со 26 бодови.