Откако во првиот дел од сезоната славеше против Милан (1-3) и Јувентус (1-2) како гостин, вечерва го зема и „скалпот“ на шампионот Интер на „Џузепе Меаца“ во рамки на 26.коло со триумф од 0-2.
Џакомо Распадори ја најави победата во осмата минута од натпреварот, а Џанлука Скамака ја потврди во 26.минута.
Сасуоло со овој триумф му направи услуга на градскиот ривал на „нераѕурите“, Милан, кој сега останува сам на врвот на табелата со 56 бодови иако синоќа киксна играјќи реми со „фенерџијата“ Салернитана. Интер има два бода помалку, но и натпревар помалку на второто место на табелата. За Сасуоло ова беше прв триумф по четири натпревари и сега е на 11.место со 33 бода.