Милан е нов шампион на Италија откако го победи Сасуоло со 0-3 и по 11 години има нова радост на „Сан Сиро“. Тоа е 19. шампионски трофеј за „росонерите“ во Серија А. Интер исто така победи со 3-0 против Сампдорија, но залудно, бидејќи на крајот сепак задоцни два бода зад градскиот ривал.
Оливие Жиру во 17.минута донесе водство за Милан, а во 32.минута зголеми на 0:2. Третиот гол беше дело на Франк Кеси во 36.минута.