Карваљо во четвртата минута ги шокираше „граѓаните“, но веднаш потоа Гундоган израмни на 1-1, а до крајот на првото полувреме домаќинот го сврте резултатот во своја корист преку Стоунс.

Манчестер сити постигна уште два гола во второто полувреме, и тоа преку Марез во 53. и 57. минута за конечен триумф од 4-1.

Евертон се пласираше во следното коло од Купот, откако го надигра Брентфорд со 3-1. Првиот гол го постигна Мина, а на 2-0 зголеми Ришарлисон. По што гостите намалија на 1-2, но Холгејт и Таунсенд ја потврдија победата на „карамелите“ во финишот од мечот.