Фудбалерите на Рома ја дочекаа Аталанта во едната од двете дерби пресметки на седмата рунда во Серија А. „Волчицата“ долго време бркаше негатива против гостинот од Бергамо, па јасно беше зошто постоеше тензија кај домаќините.
Жозе Мурињо заработи директен црвен картон, откако во една ситуација Николо Заниоло се обиде да изнуди пенал. Откако судијата Даниеле Кифи не покажа на 11 метри, Португалецот практично „полуде“, сакаше да влезе на терен и почна да довикува, а поради тоа беше казнет.
На оваа средба Рома беше без повредениот Пауло Дибала, а барем едно коло ќе биде без тренерот Мурињо по репрезентативната пауза.