Раководството на Интер Мајами потврди дека ќе учествува на егзибицискиот турнир во Ријад во Саудиска Арабија, и израдува милиони љубители на фудбалот во светот, бидејќи повторно еден против друг ќе играат најголемите ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
На 29-ти јануари, Интер ќе игра со Ал Хилал, а дуелот на тимот од Мајами за кој игра Меси против Ал Наср на Португалецот Роналдо ќе се игра на 1 февруари.
Последниот меѓусебен дуел на Роналдо и Меси беше во јануари годинава, кога во пријателски дуел Кристијано играше за комбиниран ол-стар тим од најдобрите играчи од првенството во Саудиска Арабија против Пари Сен Жермен за кој тогаш играше Меси.