Роџерс во 32. минута донесе водство од 1-0 на гостите од Бирмингем, но избраниците на Анге Постекоглу се разбудија во вторите 45 минути.
Џонсон на стартот на второто полувреме погоди за 1-1 и ја врати неизвесноста, а потоа Соланке стрелаше два пати за четири минути, во 75 и 79. минута, додека победата ја потврди Медисон во судиското надополнување.
https://twitter.com/i/status/1853103578170130749 https://twitter.com/i/status/1853105637154079013Тотенхем со оваа победа се проби на седмата позиција и има 16 бодови, додека Астон вила остана на петтата позиција со 18 поени.