Стрелци за гигантот од Мадрид беа Џулијано Симеоне и Александер Сорлот, но тренерот Симеоне по мечот зборуваше за катастрофата која ѝ се случи на Валенсија.
„Нема смисла тоа дека мора да играме фудбал. Ситуацијата е многу сериозна. Постојат луѓе на кои им е тешко и им е потребна помош. Тоа е многу тажно, но ни кажаа дека мора да играме. Ова е трагедија“, кажа Симеоне.
По неочекуваниот пораз од Бетис во претходното коло, четата на Диего Симеоне ја оправда улогата на фаворит против Лас Палмас и на својот стадион славеше сигурен триумф од 2-0 (1-0).
Резултатот на „Ванда Метрополитано“ го отвори младиот аргентински ас Џулијано Симеоне во 37. минута. За 21-годишниот напаѓач, кој е син на Диего Симеоне, ова беше деби-гол за мадридскиот гигант, во неговиот седми овосезонски настап во Примера.
Атлетико и во второто полувреме доминираше на теренот, а тоа го круниса со уште еден гол. Конечните 2-0 ги постави Александар Сорлот на додавање на Де Пол во 84. минута. Со денешните три бода тимот од Мадрид се врати на третата позиција на табелата со 23 бода, седум помалку од лидерот Барселона, кој има и еден натпревар помалку.