Борусија Дортмунд очекувано славеше триумф (1-3) на гости против Гројтер Фурт. Џулијан Брант беше двоен стрелец за „милионерите“, а погоди и Феликс Паслак.
Баер Леверкузен во голеада го победи Хофенхајм (2-4) на гости и го осигура настапот во Лигата на шампионите, а Волфсбург минимално славеше против Келн (0-1).
Фрајбург си ја закомпликува ситуацијата откако загуби со 1-4 дома против Унион Берлин.