Синиша Михајловиќ, легендата на српскиот, италијанскиот и европскиот фудбал, денеска е погребан во Рим. Иладници луѓе дојдоа во базиликата „Света Марија Ангела и маченици“ меѓу кои и Роберто Манчини, Даниеле де Роси, Клаудио Лотито, Бруно Конти, комплетниот тим на Лацио, Дејан Станковиќ со семејството, Драган Стојковиќ Пикси, претставници на Црвена Звезда и на Партизан, министерот за млади и спорт на Србија, Милан Гајиќ и многу, многу други видни личности од Италија, Србија и од целиот свет.
Познатиот српски тренер и фудбалер почина во петокот на 54-годишна возраст по долго и тешко боледување од леукемија.
Ковчегот беше изесен од базиликата со аплауз на насобраните навивачи, а потоа одведен на вечното почивалиште, на гробиштата во Рим.